
Цените на нафтата паднаа за речиси 1 проценгт утрово. На лондонскиот пазар, цената на барелот Брент се лизна за 0,96 проценти, на 91,90 долари, додека на американскиот пазар, барелот падна за 0,94 проценти, на 85,70 долари.
Доларот на највисоко ниво за 19 месеци
А на валутните пазари, вредноста на САД во однос на кошничката валути достигна највисоко ниво од април 2025 година, бидејќи инвеститорите се речиси сигурни дека американската централна банка дополнително ќе ги зголеми каматните стапки за 0,25 процентни поени во декември.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на шесте најважни светски валути, утрово е околу 103,02 поени, додека вчера во ова време беше 102,30 поени.
Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми од вчерашните 158,75 на 159,65 јени.
Американската валута исто така зајакна во споредба со европската, па цената на еврото се лизна на 1,1080 долари, додека вчера во ова време беше 1,1165 долари.











