🎥Mercedes развива „соларна боја“ за електрични возила

Електричните автомобили изминаа долг пат, но сè уште има значителни предизвици што треба да се надминат. Една од најголемите болни точки е полнењето, но Mercedes работи на паметно решение. Станува збор за „соларна боја“, која е дел од истражувањето на нови типови соларни модули кои би можеле да се применат на каросеријата на електричните возила.

Овие напори на крајот би можеле да резултираат со развој на тенок слој на боја кој би можел да генерира доволно електрична енергија за патување 14.000 километри годишно. Ова е доста значајно, но зборуваме за резултати при идеални услови. Исто така, треба да се напомене дека овој досег е поделен на 39 километри дневно, па веројатно не би го заменил целосно традиционалното полнење на батериите.

Сепак, можноста за полнење на возилата додека се паркирани веќе е предмет на истражување на бројни компании. Во случајот на Мерцедес, тоа е фотоволтаична површина со соларни ќелии, кои имаат рејтинг на ефикасност од 20 проценти.

Кога сме кај електричните возила, Mercedes работи на програмабилен микро-конвертер, кој може да се инсталира на ниво на ќелии на батеријата. Ова ќе овозможи индивидуална регулација на ќелиите и ќе ги направи електричните возила уште подобри.

„Сегашните резултати од истражувањето покажуваат дека е можно да се обезбеди постојан висок напон од 800 волти, без оглед на состојбата на полнење и состојбата на поединечните ќелии“, објави Mercedes.