📈Пад на Волстрит по објавувањето на резултатите на најголемите банки

Берзанските индекси благо паднаа на Волстрит во вторникот, што е последица на притисокот врз акциите на производителите на чипови и падот на цените на банкарските акции по објавувањето на деловните резултати.

Индексот Dow Jones падна за 0,35 отсто, на 51.670 поени, S&P 500 за 0,02 отсто, на 7.805 поени, а Nasdaq за 0,15 отсто, на 27.204 поени.

Индексот PHLX на производителот на чипови вчера падна петти ден по ред, за 0,2 проценти, откако извршниот директор на Broadcom, Хок Тан, ги спореди некои од инвестициите во секторот со „коцкање во казино“.

Дополнително, инвеститорите беа загрижени од веста за големиот напредок на кинеската компанија ChangXin Memory Technologies (CXMT) во развојот на чипови за вештачка интелигенција, што доведува до заклучок дека предноста на американскиот технолошки сектор во однос на Кина се намалува.

А тоа, може да предизвика притисок врз маржите и профитабилноста на производителите на чипови и да ја зголеми конкурентноста во секторот.

Акциите на банките беа и вчера во фокусот на инвеститорите, бидејќи неколку од најголемите американски банки ги објавија своите квартални деловни резултати.

Цената на Goldman Sachs падна за 0,2 проценти, на JPMorgan Chase за 0,9 проценти, на Wells Fargo за 3,1 процент и на Citigroup за 5,6 проценти.

На поголемиот дел од азиските берзи, индексите пораснаа во среда, што најмногу се припишува на корекцијата на цените на акциите на производителите на чипови по неколкудневниот пад.