📉 💸ДДВ за дизелот останува 10% до 12 октомври

Владата донесе одлука за продолжување на мерката со која Данокот на додадена вредност (ДДВ) за дизел-горивото се намалува од 18% на 10%, со цел заштита на животниот стандард на граѓаните и одржување на економската стабилност, информираше министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска.

Повластената даночна стапка за дизелот ќе важи до 12 октомври 2026 година.

„Со продолжувањето на оваа мерка директно влијаеме врз малопродажните цени на горивата и го ограничуваме пренесувањето на надворешните ценовни притисоци врз цените на останатите производи и услуги. Реагираме навремено и одговорно, следејќи ги движењата на меѓународните пазари и преземајќи мерки кога тоа е потребно за да го заштитиме стандардот на граѓаните“, истакна Димитриеска-Кочоска во својата објава.

Со оваа одлука се спречува дополнителен ценовен шок за граѓаните и стопанството, со оглед на тоа што дизелот е еден од главните енергенси што влијаат врз транспортните и производствените трошоци во домашната економија.