📊Бројките растат: 2.008 фирми и 3.232 граѓани се најдоа на црната листа на УЈП

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.09/2026 за долгови доспеани до 31.05.2026 година и неплатени до 31.08.2026 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
повисок од 300.000 денари за правните лица.

Кој и колку должи на државата

На Листата на должници бр.09/2026 објавени се 2.008 должници – правни лица (повеќе за 2 од претходната листа) и 3.232 физички лица (повеќе за 38 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.09/2026 изнесува 13.641.590.644 денари, (повеќе за 448.069.273 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 13.458.337.534 денари, (повеќе за 460.042.264 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 183.253.110 денари (помалку за 11.972.991 од претходната листа).