📽Се планира изградба на највисоката зграда во светот: Ќе биде висока два километри

Саудиска Арабија подготвува терен за уште еден мегапроект. Станува збор за највисоката зграда во светот по име Rise, висока два километри.

Кулата од пет милијарди долари ќе биде дел од развојниот проект наречен Северен Пол, во Ријад. Проектот е замислен како главен економски центар на Ријад, кој е опишан како град на иднината. Ќе се простира на 306 квадратни километри, а ќе го доградат станбени, деловни и индустриски зони.

Како што е најавено, градот ќе вклучува воздушни такси, но и најсовремен транспортен систем кој ќе вклучува автономни возила и метро.

Во нејзиниот центар ќе се наоѓа Rise Tower, за која се тврди дека станува глобална туристичка и деловна атракција, како и препознатлив симбол на градот.

Уриваат рекорди
Кулата висока два километри е дизајнирана од лондонската архитектонска фирма „Фостер + партнерс“.

Во моментов, највисоката зграда е Бурџ Калифа во Дубаи, која е висока 830 метри.

Саудискиот државен инвестициски фонд ги покани меѓународните градежни компании да поднесат понуди за управување со проектот. Кулата ќе има луксузни хотели, објекти за забава, ресторани, канцеларии и станбени области.