10 години CEED Global – следете ја конференцијата во живо!

22

946200_1089760997747961_8119734550977330952_n

Започна Конференцијата со која CEED ја обележува 10 годишнината од своето постоење. Конференцијата се одржува во Софија, Бугарија, земјата во која е отворен првиот Центар за развој на претприемачи и менаџери од мрежата.

На конференцијата присуствуваат лидерите на индустриите, претприемачи, основачи на стартапи, инвеститори од преку 17 земји од светот. Своето искуство како гости говорници ќе го споделат неколку звучни имиња од светот на бизнисот, како Ерик Шуренберг, претседател и главен уредник на Inc, Џим Стајклитер, главен за иновации во Dell, Мариа Анселми, генерален менаџер на Bisnode, Питер Риги, глобален директор на CEED, Ивајло Симов, ко-основач на Eleven, Елизабета Планиниќ, сопственик на агенцијата Putuj Bolje и фирмата Čuvar sjećanja и многу други.

Конференцијата, која започнува во девет часот, во живо може да ја следите на следниот линк: http://ceedglobalconference.com/live/

Конференцијата е поделена на неколку сесии кои течат паралелно, а ќе има сесија на која ќе биде овозможена презентација на бизнис идеи на стартапи или компании во најрана фаза од развојот, пред инвеститори и претприемачи.

На конференцијата присуствуваат околу 70 сопственици на компании, менаџери и бизнисмени од Македонија.

CEED е интернационална мрежа со седиште во Вашингтон, којашто ја гради претприемачката заедница и го зајакнува бизнисот овозможувајќи им на компаниите пристап до ментори, вмрежување, знаење и капитал што им е потребен за раст.

Денес CEED има преку 30.000 компании во својата глобална мрежа и работи во Македонија, Бугарија, Србија, Романија, Словенија, Косово, Албанија, Ерменија, Молдавија, Бангладеш, Мароко и Тунис.

Првиот CEED центар е отворен во Бугарија во 2005 година, додека Центарот за развој на претприемачи и менаџери (ЦЕЕД) Македонија е отворен во 2007 година.