10 највисоки згради во Европа

1036

visoka-zgrada

Фото: Pixabay

Европа не е многу позната по импресивни облакодери, но резултатите што ги објави Emporis се изненадувачки. Од десетте највисоки згради во Европа, пет од нив се наоѓаат во Москва, пренесува Бизнис инсајдер.

Според Emporis, во Москва има 87 облакодери што се високи најмалку 100 метри и имаат преку 40 ката, со што овој град е главен град на облакодерите во Европа.

Ова се највисоките 10 згради во Европа:

10. Кристална кула

Мадрид, Шпанија (250 метри)

9. Месетурм (Саем кула)

Франкфурт, Германија (256 метри)

8. Кулата Сент Петерсбург, The City of Capitals

Москва, Русија (257 метри)

7. Комерцбанк кула

Франкфурт, Германија (259 метри)

6. Сафир кула

Истанбул, Турција (261 метар)

5. Триумфалната порта

Москва, Русија (264 метри)

4. Кулата Набережнаја (Кула на насипот)

Москва, Русија (268 метри)

3. Кулата Москва, The City of Capitals

Москва, Русија (302 метри)

2. Кулата Шард

Лондон, Велика Британија (310 метри)

1.Меркјури сити

Москва, Русија (339 метри)