Новиот извештај на бизнис мрежата LinkedIn покажува некои позитивни навестувања во однос на жените и мажите кога станува збор за деловните активности. Така, според профилната анализа на 568 занимања, вработувањето во 23 сектори премина од мажите кон жените во последните пет години.
Па така, менаџер во малопродажба во 2015 година 47% од ново вработените биле жени, а во 2019 година 65% од новите вработени биле жени.
Останати професии коишто постигнале паритет во вработувањата се маркетинг и здравствена заштита.
“Образованието би можело да биде главен фактор зошто сè повеќе жени се вработуваат“, вели Лаура Лорензети, уредник на LinkedIn.
Еве ги врвните работни места каде жените имаат најголемо влијание:
10. Менаџер на корисничка поддршка, просечна заработка од 55.000 долари годишно
9. Советник за заштита на животна средина, просечна заработка од 57.800 долари годишно
8. Специјалист за анимација, просечна заработка од 43.900 долари годишно
7. Веб дизајнер, просечна заработка 52.000 долари годишно
6. Дизајнер, просечна заработка 80.000 долари годишно
5. Специјалист за јавна политика, просечна заработка 57.800 долари годишно
4. Стоматолошки техничар, просечна заработка 22 долари на час
3. Медицински работник просечна заработка 105.000 долари годишно
2. Графички менаџер за производство, просечна заработка 62.400 долари годишно
1. Менаџер за малопродажба, просечна заработка 55.300 долари годишно.
Фото: Pixabay