10-те најплатени работни места во Америка: Првата носи 400.000 евра годишно, а на листата нема ИТ експерти

48

Business Insider состави листа на најплатени работни места во Америка, а на самиот врв се педијатриските хирурзи – кои во просек заработуваат 449.320 долари (околу 413.700 евра) годишно. Односно, дури седум пати повеќе од кој било друг човек со просечна плата.

Во моментов во Америка работат 1.180 педијатриски хирурзи. Следни на листата се кардиолозите, кои заработуваат нешто помалку – 423.250 долари (околу 389.700 евра) и ги има дури 12 пати повеќе – 15.190.

Трети на листата се ортопедските хирурзи кои заработуваат во просек по 378.250 долари (околу 348.250 евра) годишно, а ги има нешто помалку од кардиолозите, 14.820.

Потоа, тука се радиолози со 353.960 долари (околу 325.890 евра) и ги има вкупно 31.960. И сите останати хирурзи, од кои има 26.370 и заработуваат во просек по 343.990 долари (316.700 евра) годишно.

Шестото место на листата го заземаат професиите од областа на медицината, па дерматолозите просечно заработуваат 342.860 долари (околу 315.700 евра) годишно, а вкупно ги има 12.040.

Претпоставувате, а седмото место е резервирано за лекарите? Нема да погрешите. Анестезиолозите се седмата најплатена професија во Америка, а вработените во оваа работа просечно заработуваат 339.470 долари (околу 312.550 евра) годишно, а ги има 33.470.

Максилофацијален хирург просечно заработува 334.310 долари (околу 307.799 евра) годишно, а на оваа работа се вработени 4.160 луѓе.

Деветтото место не е резервирано за медицинските работници, но интересно е што во топ 10 најплатени работни места нема луѓе од ИТ секторот.

Имено, на деветтото место се спортистите кои просечно заработуваат 328.830 долари (околу 302.753 евра) годишно и ги има вкупно 14.930, додека десеттото место го зазема офталмолог кој заработува во просек 312.120,36 долари (287 евра ) и ги има вкупно 11.530.