10-тото издание на Стартап Викенд Скопје – овој пат онлајн 

33

Не треба да дозволиме пандемијата да го сопре развојот на нови бизнис решенија – велат организаторите на Стартап Викенд Скопје, кои оваа година стојат позади 10-тото јубилејно издание на овој настан.

Стартап Викенд Скопје е 54 часовен настан кој ги обединува претприемачите, иноваторите, стартап ентузијатите и креативците со цел за време на само еден викенд, тимски да направат победничко бизнис решение. Традиционално настанот се одржува во живо, но поради моменталната ситуација, исто како и минатата година, настанот ќе се одржи онлајн за време на викендот 16-18 април. Учеството е бесплатно и можеш да обезбедиш билет ТУКА.

Затоа што сите активности ќе се одвиваат онлајн на платформите Discord и Zoom, на настанот можат да учествуваат сите стартап ентузијасти од С. Македонија од комфорот на нивниот дом. Пријавување со идеја или без, настанот нуди големи придобивки за сите учесници, од дружење и развивање на комуникациските вештини, до стекнување контакти со искусни ментори, и многу вредни награди за победничкиот тим – велат организаторите од Тимот на Solveo, кои го организираат Стартап Викенд Скопје по 4-ти пат.

Учеството е бесплатно, но местата се ограничени и затоа ако имате генијална бизнис идеја или пак сакате креативна стимулација и дружење, побрзајте да го резервирате вашето место ТУКА!

За повеќе информации посетете ги Facebook и веб страната на настанот.