10Eleven9, паметна кошула што ги чува личните документи

3

kosula

Фото: Kickstarter

Германскиот старт – ап Colorfy создаде паметна кошула 10Eleven9, којашто ги спојува модата и технологијата, пишува Digital Trends. Во кошулата, којашто има класичен изглед, интегрирана е најнова технологија.

“Нашата цел е да се донесе облека на пазарот којашто не само што ќе изгледа добро, туку ќе го поддржува корисникот на различни начини и ќе го направи неговиот живот полесен и поудобен“, вели менаџерот на компанијата, Џулија Силер.

Кошулата има седум скриени џебови во коишто може да се стави телефон, клучеви, паричник и други лични документи. Два џеба имаат RFID (Radio frequency identification) заштита и се дизајнирани да ги чуваат личните документи од можни кражби на податоците. Во неа се интегрирани и паметни сензори коишто ги мерат отчукувањата на срцето, држењето на телото и дишењето, даваат нотификации или вибрираат. Во јаката на кошулата, исто така, има вметнато и камера од 8MP со којашто корисникот ќе може да слика и снима видеа преку едноставно стискање на копчето.

Цената на паметната кошула изнесува 149 евра и е поставена на платформата за групно финансирање Kickstarter каде треба да собере 50.000 евра.