12 факти за биткоинот

bitkoin-pixabay

Фото: Pixabay

Се појави пред десет години, но за кратко време зеде силен замав на светската берза. Голем број контроверзии се кренаа околу него, но тоа не ги обесхрабри вложувачите да инвестираат во оваа крипто валута чија вредност вртоглаво расте, пишува Entrepreneur.

Еве 12 факти што секој треба да ги знае за биткоинот:

  • Почетоците на биткоинот датираат од 2008 година, кога нејзиниот креатор, под псевдоним Сатоши Накамото, го објави концептот за Биткоин. Две години подоцна, Накамото го напушти проектот и исчезна. Се верува дека денес е многу богат човек.
  • Десет години подоцна, никогаш не се дозна точно кој е вистинскиот креатор на биткоинот.
  • Биткоинот го слави својот роденден на трети јануари.
  • Првата трансакција со оваа крипто валута се случи на 22-ри мај 2010 година кога еден програмер платил 10.000 биткоини за да си купи пица. Истата пица денес би чинела околу пет милиони долари.
  • Првата компанија којашто го прифати биткоинот како начин на плаќање е Ламборџини.
  • Првата држава којашто го забрани биткоинот е Тајланд.
  • Првиот банкомат за биткоини е поставен во Ванкувер, Канада.
  • Само 927 луѓе поседуваат 50% од вкупниот капитал што го има биткоинот.
  • Во ноември 2013 година, биткоинот ја надмина цената на златото.
  • Секојдневно во светот се употребуваат околу 200.000 биткоини.
  • Порано еден од најголемите поддржувачи на биткоинот била Владата на САД сè до моментот кога ФБИ открила дека крипто валутата масовно се користи за купување дрога и други нелегални супстанци.
  • Секој ден се произведуваат околу 3.600 биткоини преку процес наречен минирање.