12 месеци Status – 12 дена супер попусти

22

12

Мебел-Ви е првата компанија во Македонија која го сертифицираше своето производство и се здоби со сертификати за своите производи од сите категории.

Во Македонија, компанијата Мебел-Ви е застапена со седум сопствени брендирани салони со изложбена површина од 14.500 м2 и современ магацински простор од 6.500 м2.

Мебел-Ви има 3 сопствени регистрирани трговски марки:

  • Мондиви – премиум класа на гарнитури со италијански дизајн
  • Алегро – трговска марка за душеци
  • Статус – квалитетен плочест мебел со најдобра цена на пазарот

Овој месец Status одбележува една година од своето успешно постоење, а воедно и од основањето на онлајн продавницата www.kupimebel.com.mk.

За таа цел, стартуваше акција 12 месеци Status – 12 дена супер попусти. Акцијата важи за онлајн продавницата и во сите салони на Мебел-Ви.

“Следејќи ги светските стандарди, истовремено водејќи се од нашите цели за лесна достапност на нашите производи, го воведовме он-лајн купувањето како нов канал за продажба на ваков тип производи на македонскиот пазар”, велат од компанијата.

На интернет продавницата може да се најдат 100 производи поделени во 10 категории и видови на плочест мебел. Нарачката на производ е многу едноставна, а плаќањето е овозможено со било која платежна картичка (Visa, Mastercard…). Со нарачка на секој производ следува бесплатна достава до секое населено место во Македонија.

Мебел-Ви е првата компанија која започна со онлајн продажба на мебел.

“Горди сме што www.kupimebel.com.mk успешно фунционира, секојдневно бележи нови корисници и продажби. На овој начин нудиме заштедата на време, пари и енергија нудејќи квалитетни, практични и функционални производи за сечиј дом”, вели Невенка Алексова, маркетинг менаџер во Мебел – Ви.