12 работи што не сте ги знаеле за Мекдоналдс

96

80_big-mac

Фото: McDonalds

Пред, за време и по рецесијата, Мекдоналдс е незапирлива глобална сила. Овој гигант на брзата храна работи во 119 земји, а продава по 75 бургери во секунда.

Бизнис инсајдер состави неколку факти за оваа компанија, кои можеби не сте ги знаеле.

1. Во Мекдоналдс дневно влегуваат 62 милиони луѓе, што е повеќе од населението на Велика Британија.

2. Мекдоналдс продава преку 75 бургери секоја секунда.

3. Мекдоналдс храни 68 милиони луѓе дневно, што е 1% од светската популација.

4. Со приход од 27 милијарди долари, Мекдоналдс е 90 по големина економија во светот.

5. Со приход од 8,7 милијарди долари само од франшизите, Мекдоналдс е побогат од Монголија.

6. Мекдоналдс вработува околу еден милион работници во САД секоја година

7. Во Мекдоналдс работат 761.000 работници надвор од границите на САД, ширум светот, што е повеќе од популацијата во Луксембург.

8. Секој осми Американец работи или некогаш работел во Мекдоналдс.

9. Пред да станат познати, во Мекдоналдс работеле Шерон Стоун, Шанаја Твејн, Џеј Лено, Рејчел МекАдамс и Пинк.

10. Оваа компанија е најголем светски дистрибутер на играчки, 20% од нарачките се продаваат со играчка.

11. Логот на Мекдоналдс го препознаваат повеќе луѓе глобално, отколку христијанскиот крст.

12. До 2013 Мекдоналдс планира секој ден да отвара по еден нов ресторан во Кина.