125 деца научија да пливаат со пливачките школи Пливај и уживај на Еуролинк осигурување

30

eurolink

Вчера на градскиот базен во Кавадарци се одржа последниот час од третата по ред пливачка школа за оваа година Пливај и Уживај, организирана од Еуролинк осигурување. Сто дваесет и пет деца на возраст од 7 до 12 години, успешно ги совладаа основните техники во пливање без помош на пливачко помагало – пловка.

Наставата на часовите се реализираше по УССВИМ програмата (американска програма за обука на деца непливачи) под раководство на проф. д-р Наташа Мешковска и нејзиниот тим. На крајот од секоја школа младите учесници имаа организиран натпревар, а потоа им беа доделени дипломи за успешно завршена пливачка школа.

Во пливачката школа во Кавадарци, проф. д-р Наташа Мешковска откри невиден талент за пливање кај 7 годишно девојче, кое за само осум часа успеа да ги научи четирите техники во пливањето.

На наша голема радост, интересот оваа година беше огромен, не само за пливачката школа во Скопје, туку и за другите градови. Еуролинк осигурување планира следната година пливачките школи да ги прошири и во други градови во државата. Со вистински вредности до здрави, среќни и успешни деца, стои во соопштението.

Активноста е дел од платформата за корпоративно општествена одговорност Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности.