18 милијардери во Африка заедно “тежат“ 73,8 милијарди долари

64

Вкупно 18 милијардери од Африка оваа година имаат заедничка вредност на богатството од 73,8 милијарди долари, што е малку повеќе од 73,4 милијарди долари колку што заедно тежеа 20-те најбогати луѓе на континентот во 2019 година.

Во Африка, како што пишува Forbes, најбогатите луѓе поминаа сосема добро во услови на пандемија. Осумнаесетте милијардери имаат во просек богатство од четири милијарди долари, што е за 12% повеќе во однос на 2019 година.

Десет години по ред Алико Данготе од Нигерија е најбогат на континентот со лично богатство од 12,1 милијарда долари или две милијарди долари повеќе од 2019 година, благодарение на големиот скок од 30% на акциите во неговата компанија Dangote Cement. Богатството на овој 63-годишен Нигериец доаѓа од две индустрии што се занимаваат со цемент и шеќер.

Вториот најбогат човек во Африка доаѓа од Египет. Тој е 59-годишниот Насе Савирис, кој има осум милијарди долари, а се занимава со повеќе дејности меѓу кои се градежништво, инженерство и хемија.

Третата позиција ја зазема Ники Опенхајмен и семејството со богатство од 7,7 милијарди долари. Седумдесет и петгодишниот Ники од Јужна Африка располага со богатството благодарение на дијаманти.

Меѓу првите пет најбогати во Африка се најдоа и Јохан Руперт со семејството (7,2 милијарди долари), кој се занимава со луксузни производи, а доаѓа од Јужна Африка и Мајк Аденуга (6,3 милијарди долари) кој има бизниси поврзани со телекомуникации и нафта.

Фото: Freepik