20 години соработка со Газпром

26

Газпром Експорт ќе одржи брифинг со Сергеј Икоников, раководител на претставништвото на Газпром Експорт во Македонија. Настанот ќе се одржи во Скопје, на 26 септември 2012 г.

Брифингот ќе се одржи по повод 20 – годишнината од соработката на Газпром со Македонија. Откако Макпетрол и Газпром го потпишаа долгорочниот договор за снабдување со гас во 1992 година, бројни и значајни проекти беа започнати како што е изградбата на македонската мрежа за транспорт на гас, односно проектот за гасоводната линија Јужен тек.

Икоников ќе се осврне на постојната и идната соработка помеѓу Газпром и Македонија, како и за други актуелни прашања.