20% Хрвати по два часа на работа “не прават ништо”

22

Колку време Хрватите минуваат правејќи работи што не им се во описот на работното место и кои се причините за тоа?

Скоро 88% од вработените признаваат дека работното време го “трошат” и на активности што не се поврзани со работата, а само 12% тврдат дека времето го минуваат исклучиво работејќи, покажуваат резултатите од анкетата на порталот MojPosao спроведена на преку 300 испитаници.

Интернетот е главна, ако не и единствена причина за забошотување на работа. Имено, сите вработени наведуваат дека дел од работното време минуваат сурфајќи на интернет. Работното време се троши и за дружење со колегите (88%) и за приватни телефонски разговори (69%). На активности што не се поврзани со работата најмногу анкетирани (26%) трошат од 30 минути до еден час. Исто толку трошат од 15 до 30 минути за забава или приватни обврски, додека една петина (20%) и до два часа дневно минуваат “не правејќи ништо”.

Нова, подобра работа во текот на работното време бараат 29% од испитаните.

Најчест изговор за забошотување на работа, 67%, наведуваат дека им е потребен одмор. Втора причина е досадата (35%), додека 30% си бркаат приватни работи, затоа што во слободно време не стигаат да ги завршат.

Дури 24% од вработените сметаат дека не се доволно платени за работата што ја вршат, па на овој начин му се осветуваат на работодавачот. Повеќето испитаници (69%) никогаш не се “фатени” во забошотувањето, додека една третина доживеале надредените да ги начекаат во неработење.