Хрватски работодавачи бараат ослободување од данок за донации и помош

31

Хрватското здружение на работодавачи упати апел до тамошната влада привремено да го запре оданочувањето на сите облици на помош и донации на граѓаните на Хрватска кои се погодени од силниот земјотрес.

Пред сè мислат на пресметка и плаќање ДДВ, како и данок на доход и придонеси за помош кои работодавачите сакаат да им ги исплатат на работниците кои живеат во погодените подрачја.

“Упатуваме апел до владата да донесе одлука во најбрз можен рок да се ослободат донаторите, како правни, така и физички лица, од плаќање ДДВ на донации на производи и услуги за борба против последиците од земјотресот“, пренесуваат хрватските медиуми.

Многу компании веќе покажале интерес за директна помош на граѓаните кои живеат во централна Хрватска, а кои беа погодени од силен земјотрес со магнитуда од 6,2 степени.

Фото: Freepik