4Virtus со награда за иновативното паметно капаче Fueloyal iCap1000

53

895520d5-b93c-41fe-853a-722b570da1c6

МАСИТ – ИКТ Стопанската Комора и оваа година ги организираше МАСИТ ИКТ Наградите. Истите се одржуваат на две години, согласно одржувањето на Global ICT Excellence Awards, организирано од страна на WITSA (World Information Technology and Services Alliance).

Изборот на МАСИТ ИKТ Награди се однесува за исклучителни достигнувања во доменот на информатичката технологија. Наградените решенија се номинирани за учество на изборот на WITSA 2016 Global ICT Excellence Awards во рамки на светскиот конгрес за ИТ што ќе се одржи на 4 октомври во Бразилија, Бразил.

Како второнаградени оваа година се 4Virtus, за своето иновативно решение Fueloyal iCap1000, кое веќе ги таргетира превозните компании во Северна Америка и Канада. Иновативниот производ Fueloyal iCap1000 е всушност “паметно капаче” кое служи за контрола на внесената количина гориво во резервоарот на камионот и служи за заштита од кражба на истото. Дополнително, паралелно со овој производ се нудат и cloud услуги во форма на клучни извештаи за потрошувачката на возилата на оние компании што го употребуваат ова решение.

4Virtus со добиени повеќе интернационални награди и признанија изминатите години, веќе се етаблира како пример за успешна IT компанија во Македонија.

Она што дополнително ги издвојува како компанија е тоа што освен услуги во делот на ИТ, дополнително нудат и услуги во делот на дигитален маркетинг и консалтинг. Младиот и амбициозен тим на 4Virtus се водени од идејата дека нивните решенија секогаш мора да бидат комбинација на уметност и технологија и дека тоа ги прави препознатливи кај своите клиенти.

Во своето шестгодишно работење веќе зад себе имаат повеќе од 200 реализирани проекти во преку 15 земји.

86d9dee7-46af-4d31-8353-7175d901f6ae