5G интернетот наскоро ќе завладее со светот

21

5gФото: Pixabay

Автомобили кои сами се возат, виртуелна реалност, паметни градови и роботи. Сето ова ќе биде возможно преку 5G интернетот. Оваа интернет технологија ќе придонесе и за побезбеден транспорт, побрза комуникација, но и алтернативен начин за операција на пациентите, пишува CNN.

Ескпертите очекуваат 5G интернетот да овозможи вашиот мобилен телефон да биде десет пати побрз. На пример, ќе можете да симнете 3D видео за само 30 секунди. Но, 5G технологијата нема да се користи само за подобрување на работата на мобилните телефони, неговите предности ќе бидат искористени и кај автомобилите, роботите, сензорите и сета технологија што ќе биде поврзана со овој интернет.

Неколку од најголемите мобилни компании во светот веќе почнаа да ја развиваат и да ја тестираат оваа технологија. Следниве неколку години се очекува и компаниите да го воведат 5G интернетот во своето секојдневно работење.  Истражувањата покажуваат дека развојот на оваа технологија само во САД ќе чини околу 300 милиони долари.

Интернет индустријата очекува 5G интернетот официјално да биде пуштен во употреба дури во 2020 година.