60 години исполнети со препознатливите вкусови на Витаминка

149

Saso Naumoski

Витаминка оваа година го слави своето 60-годишно постоење. Тоа е богата традиција исполнета со искуства на голем број различни вкусови со кои многу генерации пораснаа и израснаа. Сите тие години се период во којшто Витаминка прерасна во еден од најпознатите и најголемите бренд компании во Македонија и остана верен пријател во слатки и солени ужини за граѓаните.

Stobi_flips_

Можеби пред 60 години никој не ни помислувал дека еден мал производител на црвен пипер денес ќе биде една од најсилните македонски компании, а познатите брендови како што се Стоби Флипс, Цевитана, Атлантис и многу други го потврдуваат тоа. Витаминка преку визијата на својот амбициозен менаџмент докажа дека патот кон успехот до лидер во прехранбената индустрија на македонскиот пазар е резултат на постојана работа и усовршување на производниот процес, пласман и промоција на квалитетни прехранбени артикли.

Atlantis_200g

“Искуството и традицијата во Витаминка нè научи дека ако сакаме успех, треба доследно да се придржуваме кон зацртаното, со добро испланирани стратешки чекори коишто се претходно анализирани со јасна идеја за креирање, позиционирање и развој на сегашните и идните наши производи. Дел од причините за нашето 60-годишно успешно работење лежат во посветеноста на работата и сериозниот пристап кон обврските, надополнето со практиката континуирано да инвестираме во сопственото функционирање, сопствената работа и развојот на производните процеси, притоа задоволувајќи ги сите барања и потреби на нашите потрошувачи“, изјави Сашо Наумоски, генерален извршен директор на Витаминка.

Cevitana

Низ целиот период од 60 години, Витаминка создаде и разви голема палета на производи и со идентификацијата на своите брендови стана важен дел од секојдневието на голем број семејства. И тоа е навистина така. Ако со мислите се вратиме во спомените, ќе сфатиме дека има многу денови каде сме уживале во друштво на Стоби Флипс, ќе ни текне дека на голем број домашни прослави сме се заблажиле со слатките задоволства на Атлантис, а и безброј прилики во кои сме го стимулираме нашиот активен живот со витаминскиот пијалак како што е Цевитана. И сето тоа е благодарение на Витаминка, компанијата којашто со нејзиното долгогодишно постоење ни го исполнува секојдневието со сите нејзини вкусови, произведени за наши потреби по највисоки стандарди и услови.

Despina

Покрај традицијата на успешност во производството од околу 350 типови на пакувања, важно е да се напомене дека Витаминка игра важна улога и дава голем придонес во националната и локалната економија со повеќе од 600 вработени и бројни надворешни соработници. Она што дополнително го гарантира квалитетот и препознатливоста на производите е значителниот голем процент на извоз во над 30 странски пазари низ целиот свет.

Vitanez_majonez

На задоволство на потрошувачите, како што велат од компанијата, Витаминка ќе продолжи безрезервно да вложува во реализација на својата успешна и долга приказна и преку постојано инвестирање да го шири својот производен асортиман, радувајќи ги сите купувачи со усовршување на своите веќе постоечки производи, како и со пласман на некои нови иновативни вкусови.