6.000 компании од Солун го преселиле бизнисот во Бугарија

56

Грчките фирми се преселуваат во Бугарија, затоа што им е поевтино, коментира градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис.

Околу 6.000 претпријатија, главно од регионот на Солун, се преселиле да работат во Бугарија. Според Бутарис, грчките фирми се регистрираат во Бугарија, оти им е поевтино. Привлечни за грчкиот бизнис се пониските даноци и помалите плати.
И Националната агенција за приходи во Бугарија регистрирала значителен раст на грчките компании. Само за една година фирмите со целосно грчки капитал кои развиваат активности во Бугарија, се зголемил со 72%. Вкупно 3.781 компании со целосно грчки капитал оваа година поднеле барање за оданочување за 2011 година.