70 деца со флеш – моб ја одбележаа 70-годишнината на УНИЦЕФ за секое дете

32

u11

Купувачите во Скопје сити мол беа изненадени кога 70 деца пред нив изведоа флеш – моб со песни за надеж, за да ја одбележат 70-годишнината на УНИЦЕФ. Пеејќи ја Имеџин на Џон Ленон и За овој свет на Тоше Проески, песна напишана за УНИЦЕФ во 2004 година, децата одадоа почит на постојаната надеж што УНИЦЕФ им ја носи на децата низ целиот свет, стои во соопштението.

“УНИЦЕФ е основан по Втората светска војна за да донесе помош и надеж за сите деца што имаа потреба од помош без оглед на тоа во која земја живееја или каква улога таа земја одигра во војната. Децата од оваа земја беа меѓу првите што добија хуманитарна помош во 1947 година, кога УНИЦЕФ ја достави најголемата пратка на млеко во повоена Европа“, изјави заменик – претставникот на УНИЦЕФ, Елспет Ериксон.

Со перформансот во Скопје сити мол официјално беше отворена изложбата којашто ја раскажува приказната за поддршката на УНИЦЕФ за децата, заедно со Малите приказни на тема Што сакам за секое дете, напишани од домашни и меѓународни автори. Во текот на денот, купувачите беа вклучени и во активности за искажување на своите надежи за секое дете.