„Маркетиг алатки“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница каде што секој ќе може да учи и да сподели практични вештини. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со пријателите.
Дали знаете дека околу 80% од содржините на вашата веб страна не ја вршат својата работа – односно не привлекуваат корисници? А сите знаеме дека content маркетингот е најважен за еден бизнис во денешно време. За сите нас, маркетери и блогери, креирањето квалитетни содржини кои ќе го привлечат вниманието на корисницити e најтешка задача. Едноставно бидејќи се наоѓаме во време кога сме преплавени со секакви содржини на интернет и ретко се случува нешто да ни го задржи вниманието повеќе од неколку секунди.
Затоа една од клучните елементи во современиот маркетинг е токму креирањето содржини кои ќе го привлечат вниманието и ќе донесат некаква вредност за публиката. А вечното прашање е секако како да знаме која е вистинската содржина? Тука напомош доаѓа InboundWriter, алатка која ќе ви помогне да крерате подобри содржини.
InboundWriter е софтвер кој ќе предвиди колку добра ќе биде содржината што ќе ја напишете уште пред да ја напишете – звучи неверојатно нели?
Целта на оваа алатка е да искалкулира како темата за која сакате да пишувате се покажала во минанато и колку внимание ќе привлече кај вашата публика.
Оваа алатка оди уште подалеку со тоа што ви предлага теми за кои можете да пишувате, а кои со сигурност ќе бидат актуелни во вашата индустрија.
Замислете само колку време ќе ви заштеди оваа алатка и колку ќе ви помогне при креирање на вистинските содршини за постигнување на најдобри резултати.
Посетете го нивниот вебсајт и побарајте бесплатна демо презентација за да се уверите во придобивките на овој софтвер.