Фото: Pixabay
Најефикасен начин да се изгради довреба на работното место е да се работи заедно. Довербата не може да се купи со високи плати, интересни излети, настани или одлични услови за работа. Таа може да се постигне само со тимска работа, искреност и праведност.
Иако довербата и продуктивноста се комплексни прашања и претставуваат само еден дел од големата слика на интерперсонални односи во една компанија, овие три атрибути имаат позитивен ефект кога станува збор за доверба.
Таењето на работите може само да предизвика сомнеж. Кога некоја информација се таи, голема е веројатноста да се појават низа неточни интепретации. Ако се сомневате дали нешто треба да се сподели со вработените, експертите советуваат дека подобро е да се открие малку повеќе отколку да се кријат поголемиот дел од информациите.
Никогаш не ги лажете вработените за она што се однесува на нив. Таквата лага се памети долго. Не заборавајте дека вработените зборуваат меѓу себе и недоследноста ќе биде брзо откриена, а вие ќе се најдете во една непријатна ситуација.
Затоа:
Одвојте време за разговор со вработените.
Потрудете се да откриете што сакаат да дознаат и истото да им го кажете.
Бидете искрени и кажете им ги и лошите работи.
Дозволете да ве информираат за нешто, да ви постават прашање и да ви дадат предлози.
На овој начин комуникацијата ќе биде во две насоки.
Вработените мора да се третираат еднакво по прашањата човечки ресурси. Секој вработен треба да има шанса да го покаже својот потенцијал во најдобро светло. Одлуките што се однесуваат на награди, унапредувања и слично треба секогаш да се базираат на учинокот на вработениот.
Клучот за здрави односи на работното место е доброто менаџирање на комуникацијата во компанијата. Поголемиот дел од неа ќе се состои од наредби и инструкции за вработените, а за нив ќе биде тешко да останат мотивирани ако не ги знаат причините за издадените наредби и инструкции.
Исто така, важно е да им се даде на вработените шанса да ги кажат своите идеи и мислења пред претпоставениот да донесе одлука. Ова придонесува вработениот да се почувствува почитуван и неговата работа да има значење.
Добрата комуникација вклучува да им се каже на вработените нивната моментална позиција, како оди бизнисот и како напредуваат идните планови. Понекогаш ќе има и негативен фидбек, но оној позитивниот треба да биде примарна алатка за воспоставување на добри меѓучовечки односи.
Затоа:
Организирајте периодични прегледи на перформансите (на секои три месеци),
Одржувајте редовни отворени состаноци,
Обезбедете кутии за предлози,
Огласни табли и
Билтени.
Довербата треба да се заслужи и не може да се стекне преку ноќ. Затоа тимската работа, искреноста и праведноста нека бидат императив во компанијата, а комуникацијата нека тече во два правци.