Опуштени разговори во роаминг за сите корисници на Вип тарифните модели

40

one vip logo

Во пресрет на новогодишните и зимски празници, оне.Вип со задоволство ја објавува својата услуга со која сите корисници на Вип тарифните модели кои патуваат во странство ја добиваат можноста за уште поголемо уживање во комуникацијата и за само 9,9 ден./минута да зборуваат кон сите мрежи во Македонија, се вели во соопштението.

За да зборуваат по оваа цена, единствено што треба да направат корисниците е да го внесат кодот *123* пред телефонскиот број што го повикуваат и знакот # на крајот (пример *123*389XXXXXXXX#). Повикот ќе биде воспоставен откако корисникот го добие и прифати повратниот повик.

Понудата е автоматски достапна за сите корисници на Вип припејд и Вип постпејд тарифните модели без дополнителни трошоци за активација и се валидни до 29 февруари 2016 година.

Освен разговори од странство за 9,9 денари минута, корисниците на Вип постпејд тарифни модели ќе можат безгрижно да сурфаат при престојот во која било земја во Европа. Преку активирање на Vip Roam Surf S пакетот со коj за 399 денари, корисниците добиваат 20МB мобилен интернет во странство или Vip Roam Surf M пакетот со кој добиваат 50МB за 699 денари, а можат да ги користат во текот на 30 дена од моментот на активација.

По искористување на интернетот вклучен во секој од пакетите, корисниците можат да продолжат да сурфаат по значително намалени цени или да извршат повторно активирање на еден од понудените пакети. Пакетите можат да се активираат од земјава или од странство, преку СМС на бројот 140 999, со текст START SURF M или START SURF S во зависност од избраниот пакет.

Дополнително, корисниците на Вип постпејд тарифни модели што зимскиот одмор ќе го поминат во некоја од земјите од Телеком Австрија Групацијата, можат да активираат и интернет роаминг пакети со 10 пати повеќе вклучен сообраќај преку партнерските оператори во Австрија, Словенија, Србија, Хрватска, Бугарија, Белорусија и Лихтенштајн. Овие пакети може да се активираат со испраќање СМС порака на 140999 со текст START SURF 200 за пакет од 200 MB за само 399 денари или СМС порака на истиот број со текст START SURF 500 за пакет од 500 MB за само 699 денари.