Милано ги забранува автомобилите на три дена

88

Milano3

Италијанскиот град Милано воведува ограничување на движење на автомобилите три дена во текот на следната недела, пишува Phys.org.

Низ улиците на Милано нема да смеат да се движат автомобили, мотоцикли и скутери во период од девет до 15 часот според средноевропско време. Забраната ќе важи од 28-ми до 30-ти декември.

Властите во Милано најавија дека во рамки на оваа програма против загадувањето, воведуваат специјални дневни “анти – смог“ билети за користење на јавниот транспорт за 1,50 евра.

Италијанската област Ломбардија, чиј главен град е Милано, ги повика локалните власти да се откажат од користење на огномет за да се спречи дополнително загадување на воздухот.