Најевтин роаминг за празниците со Македонски Телеком

75

mobilni vo raka

Корисниците на Македонски Телеком и оваа зима можат да разговараат од странство со сите пријатели и деловни партнери во Македонија по поволни роаминг цени.

Најевтиниот роаминг важи за сите корисници со еднократно активирање на 070/142-099 за 99 денари. По успешното активирање цената за разговор е само 9,9 денари минута кон корисниците на Македонски Телеком.

Корисниците можат да ја активираат услугата од странство преку Мое мени со вртење на *122# или преку говорниот автомат, со повик на 142 099, при што повикот е бесплатен доколку корисникот ја активира услугата од дома или се наплаќа по регуларни роаминг цени, доколку корисникот ја активира услугата од странство.

Понудата важи до крајот на февруари 2016 година.