Стопанска банка предвремено отплати субординирани заеми вредни 45 милиони евра

17

stopanska banka

Стопанска банка АД – Скопје предвремено ги отплати субординираните заеми во вкупен износ од 45 милиони евра, кои се користеа по основ на два договори склучени со Националната Банка на Грција, од 2006 и 2008 година, со рок на отплата од 10 години, се вели во соопштението на банката.

“Користењето на овие средства во изминатите години значително придонесе за остварување на зацртаните цели со Деловната и развојна политика на Банката, што доведе до јакнење на нејзината капитална сила, зголемување на профитабилниот потенцијал, како и јакнење на конкурентната позиција на пазарот“, стои во соопштението.

Остварените резултати и акумулираната добивка во текот на изминатите години овозможија услови за предвремено враќање на двата заеми, за што Стопанска банка АД – Скопје доби и претходна согласност од страна на Народната Банка на РМ.

Истовремено, со предвремената отплата на субординираните заеми, Собранието на акционери на Банката, во кое доминантен акционер е Националната Банка на Грција, донесе Одлука за задржување на дел од акумулираната добивка од изминатите години, во траен капитал, во износ од 35 милиони евра, со што, на трајна основа се зголеми капиталот на Банката и нејзиниот кредитен потенцијал.