Комерцијална банка го продолжи промотивниот период за кредитите до 10.000 евра, без надомест за одобрување и администрирање на сите новоодобрени потрошувачки кредити со еур клаузула до 31-ви јануари 2016 година.
Според соопштението на банката, рокот за отплата на овој кредит се намалува од 120 на 90 месеци во период по први јануари 2016 година.
За одобрен потрошувачки кредит наменет за рефинансирање на постоечки потрошувачки кредити во банката ќе се пресметува и ќе се наплатува надомест во согласност со актите на банката.