Фото: Pixabay
Еве што е тоа што ги поврзува најуспешните продавачи во бизнисот.
Не размислуваат во насока на продажба, туку во насока на градење бизнис.
Ги градат своите бизниси еден клиент по друг и секогаш од последниот клиент наоѓаат уште неколку потенцијални.
Повеќе слушаат отколу зборуваат, ги разбираат потребите на клиентот и им излегуваат во пресрет.
Секогаш исполнуваат повеќе отколку што ветуваат, а ветуваат многу.
Времето го трошат на работи (луѓе) што позитивно делуваат на нивниот приход и одбегнуваат да инвестираат време во нешта (луѓе) коишто се неисплатливи.
Секогаш бараат нови, подобри и побрзи начини за да ја зголемат продажбата.
Тие се позитивно опседнати со својата работат и го сакаат тоа што го прават.
Не зависат од ситуацијата на пазарот, се потпираат исклучиво на своите дела.
Настојуваат да бидат опкружени со вредни, исполнителни луѓе и немаат време за оние кои не создаваат можности.
За нив не е доволно само работата да биде завршена, таа треба да се изведе најдобро што може.
Неостварените продажби за нив не се неуспех, туку инвестиции во самиот процес.
Никогаш не се откажуваат од непродадените пакети, знаат дека еден ден и тие ќе бидат купени.
На најдобар начин ја користат секоја минута од часот, секој ден од неделата, секоја недела од месецот…
За нив проблемите се можности.
Инвестираат во своето образование, развој и лична мотивација знаејќи дека тоа се алатките што еден професионалец треба да ги поседува.
Одржуваат стандарди на перформанс што се повисоки од очекувањата на нивните претпоставени.
Постојано мислат, планираат и се подготвуваат со цел да ја одржуваат, градат и зголемуваат базата на клиенти.