Navis Mysterium – уникатни амфори полни со вино потопени во Јадранското море

191

vino 1

Еди Бајурин од Дубровник прави уникатни сувенири – Navis Mysterium, амфора полна со вино. Бајурин ги потопува амфорите со шише вино во Јадранското море, кои потоа се претвораат во оригинален производ.

“Секое шише е уникатно и сè е хрватско – виното Плавац 2012, глината што се пече во Пожега, кованото железо од Сисак, дрвените борови кутии од Вараждин, стаклото, плутата…”, вели Бајурин за DuList.

Идејата за ваков бизнис ја добил пред 12 години, кога сестра му му подарила шише вино коешто на врвот имало остатоци од стара амфора. Вистинската приказна почнува во 2011 година, кога заедно со Иво Шеговиќ го направиле првото вино, а првите амфори ги потопиле на крајот на 2013 и почетокот на 2014 година.

vino 2

Стаклено шише вино од 0,75l се става во глинена амфора, а потоа заедно се спуштаат во морето. Амфорите се наредени во кафези, кои најпрво ги спуштале на 10 локации, но подоцна се ограничиле на само три.

“Требаше да се најде локација на која коралите, школките и алгите ќе можат брзо да растат. Амфорите треба да се држат на константна температура од 15 до 17 степени. За црвите, коралите, алгите и школките, глината се покажа како идеална подлога. Меѓутоа, додека да стигнат до дрвена кутија, амфорите ги проверуваме барем 50 пати, да не дошло до продирање на водата”, објаснува Бајурин.

Производството е долг и скап процес, па затоа Navis Misterium со дрвена кутија чини 1500 куни (скоро 200 евра). Интересот за овој производ – сувенир е голем, а освен од Хрватска, има нарачки и од САД, Хонг Конг и Чешка.