Дизајниран првиот дрон наменет за превоз на луѓе

46

dsc_0088

Кинеската компанија EHang го дизајнираше првиот дрон наменет за превоз на луѓе, пишува Tech Crunch.

Станува збор за дронот EHang 184, којшто претставува беспилотно летало за превоз на луѓе. Личи на хеликоптер со осум перки, а во неговата внатрешност има место за едно лице.

Патникот влегува во дронот, ја внесува крајната дестинација, го притиска копчето за полетување и кога ќе добие знак го притиска копчето за слетување.

EHang 184 во овој момент е само прототип. Неговата комерцијална верзија би требало да достигне брзина и до 100 километри на час. Максималната висина на летот е 3,5 километри, а батеријата на дронот трае 23 минути. Овој дрон е тежок околу 200 килограми и долг околу пет метри, а според производителот, може да се намали на метар и половина за да го собере на вообичаено паркинг место.