Министерството за финансии денеска преку аукција на тримесечни државни записи, со и без девизна клаузула, продаде државни хартии од вредност во висина од 8,116 милијарди денари, односно 131,97 милиони евра со каматна стапка од 3,60%, односно 3,65%.
Утре министерството за финансии, пак, ќе врати во стопанството 8,294 милијарди денари или 134,86 милиони евра. Со ова нето задолжување на домашниот пазар по основ на државни хартии од вредност ќе се намали за 3 милиони евра.
Со ова министерството излегува во насока на барањата на стопанството за подобрување на ликвидноста во услови на европска економска криза. Во таа насока, министерството за финансии од почетокот на годинава ја намали и каматната стапка на државните записи за 0,3% поени.