Illumina, Гејтс и Безос создаваат тест за рано откривање на рак

46

laboratorija

Фото: Pixabay

Illumina, компанија од областа на биотехнологијата, заедно со основачите на Amazon и Microsoft, Џеф Безос и Бил Гејтс ќе работат на создавање на едноставен тест што ќе може да детектира било каков вид на рак во рана фаза преку примерок од крв.

Компанијата со поддршка од познатите бизнисмени го стартува стартапот наречен GRAIL (грал) со инвестиција од 100 милиони долари, пишува Forbes. Стартапот се очекува да придонесе многу за медицината, економијата, за човештвото, доколку се покаже како успешен.

Според Џеј Флетли, кој е главен извршен директор на Illumina веќе 16 години, станува збор за еден едноставен, универзален тест на крвта којшто ќе ги открива канцерогените ќелии во најраната фаза кога шансите за нивно елиминирање се најголеми.

Идејата за GRAIL е стара 18 месеци, а е поттикната од група истражувачи од компанијата кои дошле до интересни откритија за поделбата на ДНК на примероци од крв, додека работеле во нивната лабораторија.