Ердоган: Чешките инвеститори можат да добијат турско државјанство

392

zname-turcija-pixabay

Фото: Pixabay

Турција е подготвена да им даде турско државјанство на чешките бизнисмени кои би сакале да инвестираат во Турција, изјави премиерот Реџеп Таип Ердоган за време на турско-чешкиот бизнис совет што се одржа во Прага.

“Ние гледаме кон иднината со надеж. Постои позитивен развој на случувањата. Сегашната трговска размена од 2,5 милијарди долари со Чешката Република не е доволна”, рече Ердоган, истакнувајќи дека целта е трговската размена до 2015 година да достигне до пет милијарди долари, пишува Хуријет.

На средбата, турскиот министер за економија Зафер Чаглајан посочи дека со чешките бизнисмени можат да соработуваат во автомобилската и машинската индустрија.

Премиерот Ердоган во Прага беше придружуван од 80 турски бизнисмени.