Gorenje го отвори првиот продажен салон во Иран

72

gorenje-fridge

Словенечки Gorenje го отвори првиот изложбено продажен салон во иранската престолнина Техеран, пишува siol.net.

Во салонот има електрични производи и апарати за домаќинство од асортиманот на Gorenje.

Овој познат словенечки бренд на иранскиот пазар е присутен повеќе од 30 години, но само преку договори за продажба. Почитувањето на меѓународните санкции против Иран влијаеше на работата на Gorenje во оваа земја, но сега нивните долгогодишни ирански продажни партнери сметаат дека е вистински момент за подобрување на соработката.