Србија би можела да произведува струја од отпад

48

otpad

Во српскиот град Прокупље е претставена програмата Енергија за отпад, проект преку којшто европските земји го решија проблемот со одлагање на комуналниот отпад, пишува еКапија.

“Во последните неколку години во земјите од Европската унија комуналниот отпад се преработува и делумно се користи за производство на електрична енергија“, вели Лубо Модрански од Агенцијата за регионален развој на Словачка, додавајќи дека на тој начин се решени неколку проблеми, како што е заштита на животната средина, отворање нови работни места и зачувување на природните ресурси.

Развиените земји од Европската унија преку овој проект делумно го решиле и големиот проблем со одложување и складирање на комуналниот отпад.

Србија претходно покажа интерес за изградба на електрана што ќе користи отпад како енергенс. Со користењето на комуналниот отпад може да се произведе електрична енергија доволна за потребите на 45.000 до 50.000 семејства во оваа земја.