Дубровник станува омилено место за холивудската филмска индустрија, а доказ за тоа е интересот од екипата на најпознатата филмска сага Star Wars, пишува Пословни пулс, повикувајќи се на пишувањата на порталот Makingstarwars.net.
Во овој хрватски град би требало да пристигнат претставници од екипата што го подготвува продолжението на Star Wars. Се наведува дека постојат гласини за тоа дека во Дубровник ќе се снима новото продолжение под работен наслов епизода VIII.
Ова не е прв пат филмски работници од светот да одберат град во Хрватска за снимање на нивниот филм. Познатиот Game of Thrones се снимаше на три локации во Хрватска: Дубровник, Шибеник и Сплит. Минатата година индиската компанија Yash Ray Films снимаше боливудски филм во Дубровник.