Љубљана ќе ги стимулира угостителите да не фрлаат храна

113

hrana vo restoranСловенечката престолнина во рамки на програмата “Зелена престолнина на Европа“ организира серија настани поврзани со зачувување на животната средина, пишува RTVSlo.si.

Еден од тие проекти се однесува на поттикнување на трговците и купувачите што почесто да користат материјали што може да се рециклираат, а една од главните цели е намалување на количеството на храна што завршува во отпад.

Според неофицијалните информации, во Љубљана во текот на 2014 година фрлањето храна е намалено од 72 на 60 килограми по глава жител. Но, градските власти сметаат дека може да се направи повеќе, па ќе ги стимулираат угостителските објекти да им ја испраќаат храната на гостите што им останала во чиниите.

До крајот на годината во Љубљана ќе биде претставен и концептот на здружени продавници во коишто ќе се продаваат производи без амбалажа.