Skin Safe – безбедни керамички ножици што сечат сè освен кожа

59

skin safe nozicki

Во ерата на дигиталната технологија вистински предизвик е да се модернизираат и подобруваат предмети што се користат со векови. Американската компанија Skin Safe tools од Флорида стои зад производ што се користи одамна, но со многу подобри перформанси.

Станува збор за ножичките Skin Safe коишто со голема леснотија можат да пресечат било каква површина, но се целосно безбедни за користење бидејќи не можат да го повредат корисникот.

skin safe nozicki 1

“Технологијата на Skin Safe се однесува на сечила што може да се користат во различни индустрии. Замислете, ножички што со голема леснотија можат да пресечат било каква површина освен вашата кожа. Стандардните ножици се направени од остар метал што може да биде опасен. Нашите керамички ножички нудат прецизност и се наменети за сите возрасти и професии“, стои на глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter. Целта е проектот на оваа платформа да собере 40.000 долари од поддржувачи од целиот свет.

skin safe 1

Освен што се безбедни за користење, корисниците можат да ги носат со себе овие ножички дури и кога патуваат со авион. Креаторите велат дека овие ножички се долготрајни бидејќи се изработени од керамика, што е вториот најиздржлив материјал веднаш зад дијамантите.

Skin Safe ножичките можат да најдат широка примена кај луѓе кои се занимаваат со уметност, медицина, како и во кутиите за прва помош, во училиштата…

SKIN SAFE NOZICKI