Џери Наумоф и Крис Павловски нови членови на Одборот на директори на Македонија 2025

49

macedonia 2025Џери Наумоф и Крис Павловски се новите членови на Одборот на директори на Македонија 2025, кои се избрани на редовната седница на одборот одржана на 31 јануари 2013.

“Почестен сум од можноста да бидам дел од оваа група на исклучителни личности. Се надевам дека со својата страст кон Македонија и посветеноста на промовирање на македонскиот идентитет и одличните инвестициски можности ќе бидат мојот придонес кон мисијата на организацијата”, рече Наумоф.

Џери Наумоф, со потекло од Ѓавато, Македонија, е роден во Колумбус, Охајо, каде неговото семејство отвори и повеќе од 30 години успешно води семеен ресторан. Добивајќи стипендија од BallStateUniversity, Наумоф дипломирал маркетинг и бизнис администрација. Има повеќе од 30 – годишно искуство во секторот човечки ресурси, бенефиции и менаџирање ризик. По искуствата во неколку големи осигурителни компании и водечки консултантски куќи во Чикаго, во 1993 година ја основа Наумоф Груп доо, консултантска компанија за менаџирање ризик.

Крис Павловски е млад претприемач од Канада со повеќе од 10 години искуство во маркетинг и онлајн рекламирање. Има богато корпоративно портфолио, работеќи за Мајкрософт, Ворнер Брос, Универзал, Парамаунт, Виргин Мобајл… Тој е еден од основачите на Jokeroo и главен извршен директор на ЈМГ, канадска компанија основана во 2009 за онлајн дистрибуција на забавни и лајфстајл содржини. Истовремено тој е и маркетинг директор на Next Giant Leap, компанија за вселенски истражувања која се натпреварува за наградата Гугл Лунар. Во Македонија со својот партнер Рајан Милнс ја има основано софтверската компанија Космик Девелопмент и по две години во неа веќе работат над 50 млади луѓе.

“Довербата која Македонија 2025 ми ја укажа со ова унапредување на мојата вклученост во организацијата за мене претставува чест, а истовремено и одговорност и инспирација за постигнување поголеми и поконкретни резултати во работењето“, изјави Павловски.