
Американските банки почнаа да ги заоструваат кредитните стандарди, при што малите бизниси, поризични домаќинства и секторот за комерцијални недвижности се најпогодени, според најновото истражување на Федералните резерви (ФЕД).
Според октомврискиот извештај за кредитната активност на банките, условите за кредитирање биле нееднакви во текот на третиот квартал од 2026 година, објавува CNBC.
ФЕД откри дека банките ги заостриле стандардите за кредитирање на помали бизниси, додека условите за кредитирање за големи и средни компании останале претежно непроменети во споредба со претходното истражување.













