Околу 6.000 грчки фирми се преселиле во Бугарија

42

bg

Околу 6.000 грчки фирми се преселиле во Бугарија во последните неколку години, според претседателот на Грчката конфедерација на професионалци, занаетчии и трговци (GSEVEE), Јоргос Каватас, пишува Катимерини.

Во исто време, зад 60.000 нови даночни регистрации и банкарски сметки во Бугарија стојат Грци.

Каватас очекува реформите што се планирани во системот за социјално осигурување, да доведат до уште помасовна емиграција на грчките фирми.