Audi ја објави рекламата што ќе се прикажува за време на американскиот Супербоул. Во видеото пензиониран астронаут повторно ја открива страста во животот – Audi R8 V10 Plus.
Според брендот, новата машина достигнува максимална брзина од 330 километри на час, а до 100-ка забрзува за 3,2 секунди.
Во спотот на агенцијата Venables Bell & Partners е искористена Starman, песна на Дејвид Боуви од 1972 година.