Марк Џејкобс е новиот креативен директор на Diet Coke

53

marc-jacobs-diet-coke-468x256Американскиот дизајнер Марк Џејкобс ќе ја има улогата на креативен директор на Diet Coke за 2013 година. Минатата година на оваа позиција беше францускиот моден креатор Жан Пол Готје.

На крајот на месец февруари, брендот ќе ги открие новите лименки од дизајнерот кој има своја линија на облека и стои на чело на Louis Vuitton.

По ексцентричниот стил на Готје, Diet Coke оваа година ќе има поедноставен изглед, со дизајн и рекламна кампања во стилот на Џејкобс.

Потрошувачите ќе можат да го видат дизајнот на новите лименки кои ќе биде претставен на 25 овој месец. Исто така, Џејкобс ќе биде одговорен и за дизајнот на алуминиумски шишенца од овој популарен пијалок чија амбалажа ќе биде претставена на 12 март.

Diet Coke годинава прославува 30 години од продажба во Европа преку кампањата насловена Sparkling Together for 30 Years.

“Се чувствувам привилегиран да бидам новиот креативен директор на Diet Coke и да ставам свој печат на кампањата по повод нивната 30 годишнина. Diet Coke е икона… а јас сакам икони”, изјави Марк Џејкобс.

Новата реклама наликува на познатата Diet Coke реклама од 90-тите Diet Coke Hunk, на која згоден срцекршач ги остава без зборови сите жени во канцеларијата. Овојпат, во новата реклама, Марк Џејкобс го прикажува совршеното тело на моделот во фото кабина.

Marc-Jacobs-for-Diet-Coke-468x623