Mattel и Hasbro преговараат за спојување и создавање најголем светски производител на играчки

53

hasbrovsmattel

Американските производители на играчки Mattel и Hasbro преговараат за спојување на двете компании со што би се формирал најголемиот светски производител на детски играчки, пишува Bloomberg.

Hasbro е компанија препознатлива во играчките Transformers, додека Mattel ги произведува најпознатите кукли во светот Barbie. Hasbro понуди предлог за спојување кон Mattel, но детали сè уште не се откриваат.

Mattel е поголем “играч“ на пазарот од Hasbro, но во последните неколку години го загуби уделот на пазарот, додека Hasbro ја зголеми продажбата.

Доколку се спојат овие две компании, во тој случај ќе биде формиран најголемиот играч на светскиот пазар на играчки. Аналитичарите велат дека доколку дојде до договор за спојување на двете компании, во тој случај ќе треба да се разгледа евентуалната монополска позиција на пазарот.

Минатата година, во првото полугодие, Lego, познат по своите уникатни коцки и фигури што се составуваат, го надмина Mattel и стана најголем производител на играчки во светот.