Еуролинк организира бесплатна школа по уметничко лизгање за деца од 6 до 14 години

48

Pecat Zimska skola za umetnicko lizganje-1

Децата на возраст од 6 до 14 години ќе можат бесплатно да ги учат техниките по уметничко лизгање на бесплатната школа организирана од компанијата Еуролинк осигурување, се вели во соопштението.

“Активностите ќе се реализираат во периодот од 23-ти февруари до 22-ри март на лизгалиштето во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје под раководство на професионалниот тренер по уметничко лизгање Ксенија Јашташењски Симиќ. Ова е единствен проект од ваков тип што има за цел да им овозможи на најмладите во текот на зимскиот период да можат активно да спортуваат и да го поминуваат слободното време на креативен и корисен начин. Родителите можат да ги пријават своите деца за учество во школата со испраќање мејл на електронската адреса: [email protected]“, соопштуваат од Еуролинк осигурување.

Мејлот треба да содржи: име и презиме на детето – учесник, возраст, број на лизгалки, висина, тежина и контакт телефон. Доколку некоја од горенаведените информации не биде вклучена во мејлот, како што се наведува, кандидатот нема да биде земен предвид.

Пријавувањето трае од денеска до 12-ти февруари (петок).

Селекцијата на пријавените учесници ќе ја врши стручен тим што ќе избере 35 деца кои ќе имаат можност два пати неделно да ја посетуваат школата. Еуролинк осигурување на избраните учесници ќе им обезбеди бесплатни термини за уметничко лизгање во траење од еден месец, брендирана опрема и лизгалки.

Часовите во рамките на школа се дизајнирани да ги воведат децата во основите на уметничкото лизгање и да ги поттикнат нивните природни способности и афинитети што можеби понатаму ќе се развиваат и професионално. Сите деца што успешно ќе ја завршат школата ќе добијат сертификати за учество кои ќе им бидат доделени на завршната претстава.

Бесплатната школа за уметничко лизгање е организирана во рамките на корпоративната платформа за општествена одговорност Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности, чија цел е поддржување и афирмирање на образованието, културата и на уметноста.